Оваа 2021-ва ќе остане запаметена како година во која фали сé и сешто, од чипови до регистерски таблички.
Ги немаше и кај нас, додуша од друга причина, а ги нема и во Америка за што директно се обвинува пандемијата.
Во потрага по алтернативни решенија најбрзо реагираше сојузната држава Вашингтон, воведувајќи регистерски таблички од хартија.
Тие ќе се издаваат само за стари возила кои од некоја причина повторно се регистрираат и ќе имаат важност од 60 дена.
Дотогаш се очекува кризата со недостатокот на регистерските таблички во Америка да биде надмината.