EV

Бугарија ќе произведува електрични возила

Објавено на

 

Ќе добие ли Бугарија повторно фабрика за производство на автомобили?

Според изјавата на министерот за економија на нашиот источен сосед, германската компанија e.Go Mobile сака да ги произведува своите електрични возила во Бугарија.

За таа цел ќе бидат инвестирани 140 милиони евра, од кои државата како поддршка ќе им врати назад 34 милиони.

Локацијата на фабриката на e.Go Mobile е Ловеч, градот каде до скоро кинескиот Great Wall во соработка со локална компанија ги произведуваше своите возила.

Според информациите кои пристигнуваат од Бугарија, ќе бидат произведувани два модела – E.Go Life и неговата квази-кросовер верзија E.Go Life Cross.

Се  работи за мали градски возила со должина од 3,35, широчина 1,75 и височина од 1,6 метри, со скромни перформанси и мала автономија.

Фабриката во која ќе бидат вработени околу 1.000 луѓе ќе биде готова за две години и ќе има капацитет за производство на 30.000 возила годишно.

Иако се работи за релативно скромни возилата, сепак се очекува малопродажната цена да започнува од 20 илјади евра.

Знаејќи го тој податок, нам ни останува само констатацијата дека во соседство ќе се произведува еколошко, современо и убаво возилце кое за овие простори сепак ќе има цена која е далеку од популарна.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.