Во светот

Бугарин крадел нови возила од фабричкиот паркинг на VW!

Објавено на

 

Дека возилата со VW знакот се омилени меѓу крадците доста добро знаеме. Исто добро знаеме и дека Бугарите се вешти во крадењето автомобили, ама не знаевме дека тоа го правеле и на фабричкиот паркинг во Волфсбург.

Навистина за неверување, но така е – крадецот, Бугарин (32), фатен и осуден на 2 години и 8 месеци затвор, едноставно со камион си влегол на централниот фабрички паркинг на Volkswagen, си товарил три возила Golf и пет Tiguan и си заминал.

Финтата е во тоа што возачите таму сами ги товарат новите возила подготвени за транспорт, што Бугаринот веќе претходно го имал правено и на излез на капијата покажал стар товарен лист.

Она што најмногу чуди е што во Перник, неколку дена по кражбата, биле регистрирани седум од возилата – осмото, Golf се разбира, крадецот го задржал за себе.

И за крај десерт – во периодот од 2016 до 2018 година од паркингот на фабриката на Volkswagen во Волфсбург имаат исчезнато 70 нови, свежо произведени возила, во вредност од три милиона евра.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.