EV
Британија се договори со ЕУ, производителите на возила не знаат што
Политичарите им го испорачаа најдобриот божиќен подарок на граѓаните на Велика Британија – постигнат е трговски договор со Европската Унија.
Производителите на возила кои предупредуваа на опасностите од едностран Брегзит го поздравија, но со голема претпазливост бидејќи не ги знаат докрај деталите.
Една од поголемите пречки зошто требаше толку време да се донесе беа всушност интересите на производителите на возила кои имаат свои фабрики во Велика Британија.
Имено, за бесцаринскиот увоз на возилата во ЕУ потребно е тие да имаат одреден процент од вредноста британски и европски делови.
Британија бараше во тој процент да се сметаат и деловите со потекло од земјите со кои земјата има договор за слободна трговија, мислејќи пред сé на Јапонија и Турција. Нормално, на Европа тоа не им се допаѓаше и работата стоеше во место, сé досега.
А сега сите оптимистички се надеваат дека финансиски добро ќе поминат, иако знаат дека работата ќе им биде отежната заради царинските и административните процедури.
Како и да биде, катастрофалниот ефект предизвикан од хаотичниот Брегзит е избегнат – сега на производителите им преостанува само да се прилагодат на новите услови што сé уште не ги знаат целосно.