Актуелен Миг
Со брза реорганизација ја минимизиравме штетата
Со Владимир Билбилов, генерален менаџер во Киа Моторс Македонија, непосредно пред крајот на годината разговаравме за постигнатите резултати при исклучително сложени пандемиски услови.
Киа Моторс Македонија ја завршува годината со многу пристојни продажни резултати постигнувајќи само дваесетина проценти пад во однос на 2019 која важеше за рекордна година.
- На констатацијата дека зад нас е една многу тешка година година, Владимир Билбилов вели:
„Оваа година ќе ја наречам исклучително сложена, па можеби не е претерано да кажам, и драматична. Поточно, сите ние кои сме во бизнисот со автомобили повеќе од 25 години не паметиме лесна година, но поради пандемијата, сепак оваа е една од најнеизвесните“.
- Почетокот на годината воопшто не наговестуваше таков удар!
„Не напротив. Поведени од рекордните продажни резултати од претходната година, проектиравме оптимиситички планови. Иако годината започна одлично, за жал набргу нив моравме да ги прилагодиме кон новосоздадената ситуација, се рабира според условите диктирани од вирусната пандемија.
Ги сменивме плановите и се прилагодивме на новата реалност, па така ја завршуваме годината со резултати кои не се во рамки на очекувањата, но со минимизирана штета.
- Го продоложуваме разговорот со нескриена лубопитност за методите кои ги употреби менаџментот на почетокот на кризата и времето потребно за преструктуирање на плановите.
„Веќе на почетокот на март пандемијата ни беше реално секојдневие. Нормално, најтешките месеци беа март и април“ – вели Билбилов. „Во истиот момент кога стана јасно дека не може да се реализира планираното пристапивме кон ревидирање и реорганизирање на динамика на нарачките, на структурата на моделите, односно на сé што зависеше од нас за да бидеме поефикасни, а со јасна цел, да може да делуваме според новите пазарни услови.
- Никој до сега немаше искуства со пандемии од овој обем, што конкретно преземавте вие? – гласаше моето следно прашање.
„Кога се работи во ваков систем кој функционира на база на месечни, квартални, полугодишни, годишни планови, важен момент беше да се модифицира и да се влијае на динамиката на производство. Освен нас во малопродажбата, со пандемијата беа погодени и принципалите заедно со бројните кооперанти, така да со овој проблем бевме опфатени паралелно сите.
Поради тоа и намалениот обем на производство беше избалансиран со намалената продажба. Ние како дистрибутер имаме директна комуникација со принципалот па ни беше овозможено усогласување на потребите со можностите за производство. Тоа бараше комплетна координираност која воопшто не беше лесно да се направи, и затоа велиме дека годината беше прилично сложена за работа“.
- Дали како дистрибутери имавте разбирање од принципалот за вашите специфични потреби?
„Одоговорот е многу јасен, ние имаме статус на генерален дистрибутер и иако функционираме во услови на многу мал пазар, уживаме статус идентичен на големите пазари“.
- Што тоа значи од перспектива на потенцијален купувач?
„Суштината на постоење на дистрибутерство е функционирање налик на големите, развиени пазари. Тоа ни овозможува пружање на услуга кон клиентот на највисоко можно ниво.
Тоа го постигнавме и покрај деградацијата на волуменот на продажба кој се случи минативе години кај нас. Токму тој момент влијаеше и на статусот на некои наши дистрибутери кои поради тој факт се претворија во дилери.
Во пракса тоа значи дека ние креираме продукти спрема можностите и желбите на нашиот купувач. Притоа ние внимателно ги ослушнуваме желбите на нашите клиенти“.
- Се враќаме неколку месец наназад, кон периодот по првиот удар на пандемијата
„По ескалација на ситуацијата, први и единствени во Македонија го дигитализиравме салонот, што значеше наместо клиентот да дојде во салон ние отидовме кај него. Со извонреден напор на врвни информатичари успеавме да го дигитализираме секој наш продукт и да го претставиме во 3D приказ.
Сето тоа наиде на одличен прием кај клиентите па дури и централата на Kia Motors го сподели тоа како позитивен пример за излез од оваа вонредна ситуација. Ова е момент со кој посебно се гордееме и кој ни отвори нови видици и перспективи“.
- Виртуелниот салон им се допадне на интересентите!
„Ако се земе предвид фактот што за време на локдаунот фрекфенцијата на посетеност во салонот беше нула, сметам дека голем дел од информациите беа споделени токму преку виртуелниот салон. Инаку продажниот салон работеше под силни редукции, без посети и тест возења, па ова претставуваше единствен начин на комуникација“.
- Ви помогнаа преземените активности?
„Апсолутно да, и како систем виртуелниот салон веројатно и во иднина ќе го задржиме како алтернативен метод и начин на кој ќе ја надополнуваме нашата веб комуникација“.
- Додека треше кризата дојдоа нови модели во салонот!
„Годинава имавме комплетен редизајн на моделите од Б-сегментот, односно кај моделите Rio и Stonic. Концептот на Kia не е преклопување на старите со нови модели и тука дојде до израз навремениот тајминг на пристигнување на моделите.
Преку нашите платформи се потрудивме клиентите благовремено да бидат информирани за сите наши активности започнувајќи од комуницирање на плановите па се до обезбедување на демо возила“.
- Ваше мислење, како ќе се работи идната година?
„Правејќи споредба на периодот од пред година дена, никој не можеше да претпостави со какви услови ќе се соочиме во 2020 година. Од оваа гледна точка станува јасно колкаво изненадување не дочека во март. Затоа годинава сме по претпазливи, почитувајќи ги сите параметри кои ќе ги наметне пазарот.
Без никаква задршка одлучни сме да го пратиме нашиот принципал кој силно граби кон новите технологии; се што мислиме дека би било од интерес на нашиот пазар ќе биде проектирано во нашите планови за 2021 година.
Надополнувајќи ја сликата за тоа што не очекува идната година сакам да го најавам пристигнувањето на новиот Sorento за кого се веќе напревени сите спецификации. Иако можевме да го имаме порано, ние се одлучивме да му го посветиме заслуженото внимание, изработувајќи ги сите фази на претставувањето.
Можам да ви откријам дека во првата половина од годината Kia планира претставување на батериско електрично возило, секако тука ќе има и воведување нови мотори, рестајлинг на одредени модели , … односно се ќе тече според порано утврдената динамика“.
- На корисниците им порачувате …
„И покрај пресијата кои сите ја чувствуваме од пандемијата, ние остануваме посветени и секако оптимисти за надминување на кризата. Очекуваме следната година задржување на трендот и имплементација на сите стандарди, како безбедносни така и во сите останати сегменти.
Најприфатливото за нашиот клиент секако дека и ќе биде понудено – вклучувајќи ја тука и најдобрата гаранција – па како и до сега ќе понудиме пакети кои најдобро ќе одговараат на нашиот купувач“.
текст: Агрон Сулејман