EV

Брендот Cupra се подготвува за настап во САД

Објавено на

 

Ако испитувањето на пазарот покаже дека годишно можe да се пласираат половина милион примероци, тогаш би следел службен настап.

Cupra, електричниот спортски бренд на Volkswagen групата има јасна цел: пласман на половина милион возила на пазарот на Соединетите држави.

Тоа е убав обид на брендот, кој е издвоен од матичниот Seat како посебна електрична дивизија, за експанзија на влијателниот aмерикански пазар.

Во моментот Cupra е присутна во Мексико и Австралија, а во тек се подготовки за настап во Колумбија и Чиле.

Оперативниот директор на Cupra, Вејн Грифитс (Wayne Griffiths) е оптимист. Верува дека со современиот дизајн и одличните перформанси, Cupra ќе успее да привлече пола милион купувачи на годишно ниво.

Тоа всушност е таргетот кој овозможува економска исплатливост на пробирливиот американски пазар.

Во моментот флотата на Cupra се состои од хечбекот Leon и кросоверите Formentor, Ateca и Born . Во блиска иднина ним ќе им се придружи уште и Tavascan, а за догодина е планиран Terramar.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.