Во светот
Брендови се множат… (ВИДЕО)
Создавањето нови брендови кои во иднина ќе прераснат во независни дивизии не е ништо ново.
Ново е тоа што отсега нов бренд, засега само како суб-бренд на Hyundai, ќе биде и Ioniq.
Корејскиот производител објави дека го избрал токму тоа име под кое во иднина ќе ги пласира своите електрични возила. А нив во наредните четири години треба да ги има три.
Прв ќе биде кросовер со средна големина базиран на концептот Hyundai 45 кој дебитираше мината година во Франкфурт. Овој модел со ознака Ioniq 5 се очекува веќе на почетокот на идната година.
Вториот модел е Ioniq 6, седан базиран на концептот Prophecy виден рано годинава, чија производствена верзија ќе биде претставена во 2022-рата.
Третиот модел со ознака Ioniq 7 ќе биде SUV кој ќе пристигне две години после него.
Сите тие ќе користат нова платформа наречена Electric Global Modular Platform, со технологии кои ќе овозможат брзо полнење и голема автономија.
Се произведува во Јужна Кореја во лимитирани количини, а се нуди само на одбрани пазари.
Електричниот Ioniq располага со 136 коњски сили, има батерии со капацитет од 38,3 kWh и автономија од 310 километри. Цената во Германија му изнесува 34.500 евра, а во САД 33.000 долари.
Целта на Hyundai е до 2025 година да стане трет најголем производител на еколошки прифатливи возила.