EV
Боб Луц: за дваесетина година никој нема да поседува личен автомобил
Автомобилскиот маг, кој децении наназад раководеше со најголемите автомобилски производители прогнозора дека за дваесетина години нема да има потреба од персонални возила.
За помладите наши читатели да споменеме дека Боб Луц беше на најодговорните позиции во Ford, General Motors, Chrysler и BMW и дека за време на неговото директорување има, на годишно ниво, организирно производство на милиони автомобили.
Сега, токму тој господин трди дека времето на персоналните автомобили веќе истекува. Најдолго за дваесетина години никој веќе нема да поседува сопствен автомобил туку сите ќе се возат во модули на автономни електрични возила, тврди Луц.
Наназад стотици години, коњот служеше како единствено превозно средство за да последните 120 години таа улога ја преземат автомобилите. Но, дефинитивно нивното време ќе истече многу побргу отколку што можеби се очекува – за 20-тина години сите ние за транспорт ќе користиме самовозечки електрични возила – завршува, Боб Луц.