Актуелен Миг
Бензинот половина, дизелот 3 денари поскап
Се случи и тоа – собранието ги донесе измените на законот за акцизите, со што горивата поскапеа.
Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, новите цени на дериватите со пресметани нови акцизи изнесуваат:
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 | 67,50 денари за литар |
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 | 69,50 денари за литар |
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V | 58,00 денари за литар |
Тоа во однос на цените кои важеа цели два дена е зголемување кај бензините за 0,50, а кај дизелот за 3,00 денари.