Во светот
Белата боја и понатаму најзастапена
На планетарно ниво, купувачите и понатаму најчесто ја бираат белата за боја на своите љубимци на четири тркала.
Според американската компанија Axalta која е еден од најголемите производители на бои во светот, таа годнава учествува со 35%, што е за 3% помалку од лани.
Во Европа ситуацијата е потполно поинаква каде само 23% од вкупниот број продадени автомобили се бели.
Втора најчесто бирана боја за возилата е црната – таа глобално држи 19% (+4%) од пазарот. Во Кина и Европа 22% од возилата биле црни а во Индија само 3%.
Следна на листата е сивата исто со 19%, процент кој на Стариот континент се искачува на 27%, а во Азија паѓа на 13%.
Понатаму следат сината со глобално учество од 8%, црвената со 5% и кафеавата со 3%, додека зелената и жолтата се на минимални 1% учество.