EV
Американците со свои адути во најмускулестата категорија
Dodge Challenger SRT Hellcat со мотор од 808 КС е достојна замена за пензионираниот снагатор Dodge Demon.
Неодамнешното пензионирање на Dodge Demon многумина фанови ги фрли во очај, но не за долго.
Замената е најдена во Dodge Challenger SRT Hellcat кој во изведбата Redeye Widebody ќе ги задоволи и најпребирливите. Неговиот Hemi V8 мотор може да испука големи 808 КС и момент од 957 Nm!
И, што мислите дека може да постигне со тие бројки? Ништо помалку од забрзување (до 96 км/ч) кое трае само 3.4 секунди и максимум кој запира на бројката од 326 км/ч.
Ако некој макар за миг се посомнева во квалитетот на вградените компоненти ќе ги споменеме само прилагодливото потпирање, потоа сопирачките на Brembo и 20-цолните тркала.
Убавината на оваа америчка спортска класика се крие и во фактот што за неа производителот бара скромни 69.650 долари. За таа количина на бакноти европјаните нудат преполовена количина на мускули и многу поскромни постигнувања.
Видеото подолу ќе проговори многу појасно отколку било каков опис. Уживајте!
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=r_VI-wFT0kQ&t=25s[/tube]