EV
Американските производители ја тужат својата влада
Додека јапонските производители во Велика Британија молчешкум се подготвуваат од државата да бараат оштета ако не се потпише трговски договор со ЕУ, американските го дигнаа гласот и на својата влада ѝ испорачаа тужби.
Тужби имаат поднесено Tesla, Mercedes, Volvo и Ford, на кои најверојатно ќе им се придружат и други.
Нивната цел е заедничка – бараат да се укинат мерките и им се вратат парите, и тоа со камата.
Сé започна кога претседателот Трамп воведе царини на увоз на стоки и услуги од Кина, укажувајќи на огромната нерамнотежа во надворешно-трговскиот биланс.
Кина возврати, а на бришан простор се најдоа токму американските фирми кои увезуваат од таму.