Во светот

Американска убавина која остава без зборови (фото галерија)

Објавено на

Иако никогаш не дошол во Европа, Ford Thunderbird е познато име на љубителите на автомобили.

Сепак потребно е да кажеме збор-два за оваа американска легенда, која се произведуваше 11 генерации – од 1955 до 1997 и после по пауза од пет години до 2005.

Беше претставен како отворен двосед, но доживеа бројни каросериски изведби, меѓу кои кабриолет за пет и купе за шест патници.

Отсекогаш важеше за скап и луксузен модел, што го одржуваше неговиот имиџ на високо ниво – отиде во пензија после произведени 4,4 милиони возила.

Денес посебно се популарни постарите генерации на Ford Thunderbird – моделот на фотографиите е од третата, произведен 1963 година.

Неговиот сопственик доста има вложено во разубавување, кое траело цели четири години заради тоа што инсистирал скоро сé на него да претрпи измени, вклучително и 6,4 литарскиот мотор.

Оригиналниот тристепен автоматски менувач останал ист, но затоа ослонувањето е воздушно и неговата висина може да се подесува, посебно напред, посебно назад.

Но, да не зборуваме многу бидејќи самиот автомобил остава без зборови, исто како и сумата што ја бара неговиот сопственик за него – дури 200.000 долари.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.