EV

Ако Hyundai не сака, Nissan сака

Објавено на

 

Hyundai и Kia отстапија од потенцијалното партнерство со Apple, но технолошкиот гигант ќе нема проблеми да најде некој што ќе ги произведува неговите автомобили.

Доказ за тоа е директно искажаниот став на Nissan дека нема да исклучи партнерство со компании како Apple.

Тој пристигна од највисоко ниво – од претседателот и генерален директор на компанијата Макото Учида.

Тој на прес-конференција на која беа објавени кварталните резултати запрашан за подготвеноста потенцијално да соработуваат со Apple на нејзините автомобилски активности, одговори дека Nissan треба да презеде нови иницијативи и преку партнерство и соработка да работи со компании кои имаат познавања и добро искуство.

Иако ова не значи дека Nissan започнал разговори со Apple, сепак дава јасен сигнал за нивните желби и отвореноста за можно партнерство кои со оглед на предизвиците со кои јапонската компанија во последниве години се соочува и притисокот да се обнови претходното ниво на производство на возила, воопшто не изненадуваат.

Сепак од јапонските финансиски аналитичари стигнуваат вести дека Apple веќе има започнато или иницирано разговори за партнерство со повеќе тамошни производители на автомобили, без да се прецизира кои се тие.

Од преговорите со Hyundai се дозна дека Apple е заинтересиран за договорно производство на електрични автономни возила во американските погони на Kia во Џорџија.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.