Во светот

Ако по утрото денот се познава…

Објавено на

 

Дека пазарот на нови автомобили е пореметен е јасно, но дека до волку ќе има мешања на топ-листата на најпродаваните, е тоа не се очекуваше.

Иако во последно време сé почесто се случува, лошиот пласман на Golf сé уште изненадува, посебно кога ќе загуби од Dacia Sandero.

А токму така беше во јануари, кога според Jato Dynamics романскиот хечбек беше најпопуларен автомобил во Европа.

Според нивната евиденција, минатиот месец се продадени 811.332 нови автомобили, што е за 2,4% помалку од лани и најслаб резултат од 1991 година.

Во такви услови, тронот го освои Sandero со 17.558 испорачани возила, оставајќи го зад себе на пристојно растојание Peugeot 208 со 16.190 купувачи.

Подиумот го дополни уште еден Peugeot, кросоверот 2008 кој со 14.563 продадени возила за влакно изби пред некогашниот владетел Golf (14.483).

На топ 10 листата се најдоа уште и Volkswagen T-Roc, Škoda Octavia, Renault Clio, Toyota Yaris Cross, Ford Puma и Toyota Corolla.

Гледано по марки, VW никој не може да го тргне од тронот кој му го обезбедија 85.065-те испорачани возила во јануари годинава.

Но затоа зад него ситуацијата е поразлична од било кога – втора е Toyota со 59.934 продадени возила, а Peugeot успеа да освои 52.068 купувачи.

На големо изненадување зад нив се пробија BMW со 46.360 и Mercedes со 44.568 продадени возила во Европа во јануари.

Меѓу 10-те најуспешни марки се најдоа уште и Škoda, Audi, Renault, Kia и Ford, кои го направија отсуството на Hyundai забележливо.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.