Актуелен Миг
Автомобил на годината во Македонија: дружење пред носење на одлука за победниците
Минатиот петок и сабота (07. и 08.) Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија организираше заедничко дружење со шесте финалитсти од „Изборот 2020“ кое се одвиваше низ посебно одбран итинерер.
Првите шест модели се номинирани за титулата, Автомобил на годината додека пратечките возила се минатогодишен победник на „Изборот“ и носител на титула „SUV на годината“.
Караванот тргна на пат од околу 600 километри од салонот на Ford како симболика за предавање на титулата од минатогодишниот кон годинешниот победник. Патот водеше од Скопје преку Велес и Прилеп до Крушево за каде беше предвидена пауза за ручек.
Последната предвидена рута за првиот ден, од шеесетина километри, заврши во Битола каде што караванот се стационира на преспивање во новиот хотел, Кеопс.
На враќање патот водеше преку Велес и Свети Николе – со незибежно застанување во „Мечкуевска куќа“ – повторно до Скопје. Двата дена беа полни со дружење, одлична атмосфера, … и пред сé со меѓусебно запознавање на претставниците на финалистите со останатите аспиранти за највисоката автомобилска награда кај нас.
За „Автомобил на годината во Македонија“
„Изборот 2020“ е јубилеен 25-ти по ред, а годинава се организира од „Автомобилност – Скопје“. Членови на националното стручно жири се долгогодишните автомобилски новинари: Зоран Коцев, Владимир Ристовиќ, Агрон Сулејман и Горан Антевски кој е и актуелен претседател на „жирито“. Како генерален спонзор на „Изборот 2020“ се јавува „Олимпико“ кој помеѓу останатите го застапува и брендот Bridgestone.
Главна награда е титулата „Автомобил на годината во Македонија“ која е статуетка во облик на стилизиран ладилник, изработена специјално за „Изборот“, а како автор на истата се јавува автомобилскиот дизајнер, Валентин Ширилов. Жирито доделува и признание „SUV на годината“ како и специјално признание „Томислав Биљарац“ кое се доделува за посебен придонес за развој на автомобилизмот во државата.
Во подолу дадените фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата при дружењето!
Текст: Агрон Сулејман
Фото: „Автомобил на годината во Македонија“