Актуелен Миг

Автобус на гас ќе вози пробно низ Скопје

Објавено на

 

Низ улиците на Скопје веќе вози автобус на струја кој сообраќа на линијата „15“ а автобусот на гас од производителот Mercedes Benz следните два месеца пробно ќе вози на линијата со број „5“.

Намерата на градските власти за подобрување на кавлитетот на воздухот е се поочигледна, а се конкретизира во барањето на оптимално решение за автобусите на градскиот јавен превоз.

Да се потсетиме дека во моментов низ градот сообраќаат исклучиво автобуси кои се движат со дизелски мотори.

Светските а посебно европските искуства во однос на емисијата на штетни гасови кои ги испуштаат дури и најновите дизелски автобуси се исклучително негативни.

Токму поради тоа сите поголеми градови во Европа бараат алтернативни погони за движење на автобусите. Веќе се во експлоатација автобуси за јавен превоз кои се движат на чист електричен погон, но и такви кои возат на хибриден погон, на природен гас или пак на некоја комбинација од овие енергенси.

 

Во тој правец, и властите во Скопје, со темелен пристап се обидуваат да пронајдат најадекватна замена за дизелските автобусите на градскиот јавен превоз кои сообраќаат низ главниот град.

Целосно електричниот автобус кој веќе сообраќа на линијата број „15“ ги покажува сите свои предности во однос на класичарите.

Со иста цел, град Скопје сега набави и автобус од Mercedes Benz кој се движи на гас. Автобусот два месеца пробно ќе вози на линијата број „5“ а се очекува практичните искуствата да придонесат за носење на стратешката одлука за типот на автобуси кои најмногу ќе одговараат за градски превоз низ Скопје.

Како што е познато автобусите кои како погонско средство користат гас, далеку помалку загадуваат од автобусите со класични дизел мотори. Додатно, автобусот на Mercedes Benz, Citaro CNG кој е констриуран според најновите технолошки сознанија, троши двојно помалку од најновите автобуси кои се користат во градот а испушта помалку штетни гасови од Euro 6 моторите.

Citaro CNG е опремен со систем за спуштање на подницата кога автобусот е сопрен на постојка, потоа со сензори за автоматско активирање на светлата и бришачите, приклучоци за мобилни телефони како и видеокамери за следење на делот каде што е возачот и делот за евиденција на билетите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.