Мотоцикли
Sonders Metacycle: Електричен мотоцикл за 5К долари
Калифорниската компанија позната по електричните велосипеди понуди сериозен урбан мотоцикл кој ќе чини само 5 илјади долари.
Пазарот во САД веќе имаше прилика да ги запознае електричните Harley Davidson LiveVire (30K $) и Tarforum Luna (23K $) како вистинска замена за класичарите.
Просторот сега го пополнува Sonders, Калифорниски производител глобално познат по пласаманот на бројни иновативни варијанти на електрични велосипеди.
Уште кога ќе се види што се е вградено во електричниот мотоцикл станува јасно во кој правец ќе се движи урбаната електрична реалност.
Мотоциклот тежи само 90 kg за што заслуги носи и целосно алуминиумскиот рам.
Електромоторот е сместен директно на задното тркало со што се избегнува било каков менувач или пренос.
На местото каде што преку еден век сме навикнале да гледаме класични мотори, сега е сместен сетот од батерии.
Да не брзаме со заклучоците дека овој мотоцикл може да се вози само еден час – тоа важи само при користење на маскималната брзина.
Интересен е податокот кој говори за преносливоста на батериите што пак значи дека тие може да се полнат на најадекватното место.
Урабниот карактер на Sonders Metacycle ќе дозволи и значително поголем радиус на движење од максималниот, се рабира во зависност од условите.
И за крај – всушност, начесто тоа е почеток на секоја одлука – цената од ислучително поволните 5 илјади долари е неколкукратно пониска од конкурентските производи, а сепак говориме за многу сериозен мотоцикл.