Мотоцикли
Essence E-Raw: Француски предлог за „чист“ мотоцикл
Релативно непознатиот француски производител, Essence Motorcycles од Лион, на пазарот му понуди екслузивна серија од само 10 примероци на прекрасно дизајниран електричен мотоцикл со автономија од 185 километри.
Одговорот веќе е подготвен. Essence Motorcycles е една од многуте компании кои веќе неколку години го развива електричниот мотоцикл, E-Raw.
Младиот конструктор (и споственик) Мартин Хулин веќе сериски понуди мини серија (верзија 3.1) од креацијата која ја развива подолго време.
Можеби токму поради ограничената серија е формирана и екслузивната цена која изнесува 55К евра.
Во цената покрај напредната технологија е пресметан и радикално новиот дизајн на E-Raw. Обликот на дрвеното седиште која ја прати силуетата, изведен во стилот на даските за сурфање, досега не е виден во светот на возилата со две тркала.
Од класичната техника во мотоциклот ги гледаме решеткастата носечка структура, Ohlins суспензијата како и сопирачките кои ги испорачува Beringer. Моментот на надоаѓачката технологија е запазен со сетот на батерии од Pierre-Yvess кој има капацитет да го движи мотоциклот 185 км, а за чие полнење се потребни само 30 минути.
Тоа го дозволуваат коњските сили, 107 на број, како и вртежниот момент од големи 180 Nm. Како за илустрација, од мирување до 100 км/ч мотоциклот стигнува во 3.5 секунди, со Vmax електронски ограничен на 155 км/ч.
Да не заборавиме и на моментот што за возење на E-Raw потребен ви е смартфон – тој служи како инструмент табла!