Сигурни сме дека многу глави ќе се свртат за овој мотоцикл верувајќи дека е тоа што се гледа – BMW S 1000 RR.
Толку добро изгледа што ќе биде тешко да поверуваат дека тој всушност е кинески клон од 450 кубни сантиметри.
Искусното око веднаш ќе го забележи тоа – разликите (но и неверојатната сличност, вклучително и логото) можете и сами да ги видите споредувајќи ги првата и последната фотографија.
Иако целосно „облечен“ во германска ливреја, овој мотоцикл официјално се вика Moto S450RR и има тажни 24 КС и 22 Nm максимален вртежен момент.
Според достапните информации опремен е со подеслива USD предна вилушка, TFT инструмент табла, ABS, LED светла и уште пар ситници, а таму кај што се продава (во Европа сигурно не) чини само 1.800 евра.