Совети

Спречете ги проблемите

Објавено на

 

Снегот може не ве изненади среде јануари, но ниските температури под нулата можат да го сторат тоа.

Бранот поларни температури кој се доближува до нашите простори на мака ќе ги стави сите сопственици на возила. Затоа е добро да се одвои малку време тие да се подготват за студените утра.

Прво што треба да се направи е да се додаде квалитетно средство за миење на ветробранското стакло кое не замрзнува – ги има насекаде и немојте да го купувате најевтиното. Патем, проверете ги и бришачите.

Се сеќавате кога последен пат сте менувале антифриз? Ако не, проверете го и него на сервис и ако треба додадете (антифриз, не дестилирана вода) или пак заменете го ако веќе не може да се носи со минусните температури.

Доколку акумулаторот ви е стар, погрижете се секој ден да го возите автомобилот барем 15-тина минути.

Тоа ќе го одржува акумулаторот наполнет и следното утро нема да ви прави проблеми. А ако пак е ептен стар, тогаш нема што друго – треба нов!

Иако законот дозволува и на зима да возиме со летни пневматици (со синџири за снег во багажникот), умен потег би ви било да инвестирате во комплет зимски пневматици. Не треба да ви кажуваме зошто.

Сопствениците на дизел возила ќе имаат и уште еден проблем – замрзнувањето (всушност парафинизацијата) на горивото кое се јавува на изразено ниски температури.

Меѓутоа, тоа може да се случи и на не толку студено време ако сте го наполниле горивото одамна, кога времето беше сé уште топло.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.