Можам да се обложам дека во 98 проценти од сите прегледи кои ќе ги најдете за Guzzi V85 TT, по неколку пати ќе го сретнете зборот „карактер“ и какво е вашето чувство кога сте на оваа класична, ендуро машина како што ја нарекува Moto Guzzi.
Ајде да се вратиме малку наназад. Приказната за Moto Guzzi, како и кај сите други Италијански брендови е комплексна и исполнета со подеми, падови и голем број на сопственици.
Но од 2004 година, сопственик на овој бренд е Piaggio, Италијанскиот гигант за скутери во чија сопственост се Aprilia и Vespa.
Под нивно водство, би можеле да кажеме дека производите на Moto Guzzi се во најмала рака просечни, особено со обидот за имплементација на Euro 4 стандардот во 2016 година.
Некои од моделите, како што се Griso, Norge, Stelvio беа целосно промашување. MGX-21 bagger и V9 Bobber се слаби и бараат голема пожртвуваност доколку се решите да ги возите на подолги релации.
Но немојте да ме сфатите погрешно, јас сакам вакви мотоцикли. Сум возел многу различни мотоцикли, а V85 TT е еден од ретките за кои од прва сум помислил дека е добро … (интегралниот текст ОВДЕ)