Совети

Отстранете ја зимата од вашето возило

Објавено на

 

Пролетта е на прагот, конечно повисоки температури и конечно попријатен амбиент во возилото! Обрнете малку внимание на вашиот автомобил, потоа тој ќе ви возврати со најдоброто што го може.

Конечно, зимата е зад нас а со тоа и ниските температури заедно со целиот “фолклор“ што оди рака под рака со него. Сонцето не влијае само на нас, тука се и нашите автомобили кои веќе не мора да водат војна за постигнување на работната температура.

Адекватните подготовки за периодот кој следи, ќе знаат да ни го олеснат автомобилскиот живот. Да секако, и да го продолжат животниот век на возилото.

 

Темелно чистење

Како прво, агресивните хемиски и механички остатоци собирани преку целата зима во деловите на подвозјето, треба темелно да се отстранат.

Средствата за чистење заедно со вода под притисок, во голема мера ќе овозможат нормално фонкционирање на металните делови од подвозјето кои се најизложени на удари, влага и хемиски влијанија.

Исто така и внатрешноста е потребно адекватно да се истретира. Дефинитивно влагата не е најдобар пријател на текстилните а уште помалку на деловите обложени со кожа.

Проветрување, чистење, дезинфицирање и на крајот сушење. Иако овој редослед на третманот звучи комплицирано, не е баш така.

Во секоја подобро опремена продавница ќе најдете широк избор на специјализирани артикли кои ќе одговараат на вашиот лубимец. Бенефитот веднаш ќе го почуствувате преку пријатната атмосфера. Ако сте пак склони на алергии, редовната хигиена на внатрешноста, друга алтернатива нема.

 

Ослободување од непотребен товар

Време е и за промената на зимските пневматици. Освен престанок на законската обврска, задржувањето на зимските гуми значи и поголемо нивно абење но и зголемена потрошувачка на гориво.

Кога сме кај оваа тема, добро е и сите останати предмети како што се на пример носачите за скии, синџирите за снег, како и други зимски реквизити, да бидат одложени во гаража. Инаку се знае: секој килограм повеќе значи повисока сметка на бензиска.

Совет произлезен од пракса, треба да се почитува. Не дека на овие простори не познаваме и поинакво однесување, но … потоа повторно ќе се чудиме како тоа возилата од увоз изгледаат толку подобро од нашите!

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.