Совети
Колку троши автомобилскиот клима уред
Повисоките температури предизвикуваат загревање на внатрешноста на автомобилот; најчесто поставувано прашање е колку разладувањето на возилото навистина ја зголемува потрошувачката на гориво.
Освен што за кратко време ја нормализира температурата клима уредот се грижи и за прочистување на воздухот кој го дишеме.
Таа убавина си има и своја цена која ја плаќаме преку зголемена потрошувачка на гориво. Одговорот на прашањето колку навистина не чини употребата на клима уредот е малку посложен и не може да се поедностави со единствен одговор за сите возила.
Во принцип, за работа на клима уредите потребни се помеѓу 5 и 10 КС. Колкав процент е тоа од максималната силина на возилото пред сé зависи од вградениот мотор но и од режимот под кој се употребува возилото.
Во реалноста тоа е ретка појава па токму затоа и потрошувачката на гориво е поголема од очекуваното. Поготово тоа се однесува при возење во урбани средини при што пријатната клима во возилото може да ја платиме и со зголемена потрошувачка од цели 2 литра на час.
Возењето на отворен пат во просек голта од 0.2 до 0.4 литри на час, а тоа најмногу поради повисоките режими под кои работи моторот.
Потрошувачката ја изразуваме со литри на час поради тоа што рачунањето на прејдени километри е многу релативно. Екстремна ситуација е кога возилото стои на место а климата работи, па вредностите за потрошувачката се нереално високи.
Од кажаното можеме да заклучиме дека пријатната температура во возилото си има и своја цена. А колкава е таа најмногу зависи од возилото но и од режимот под кое тоа се вози. Генерално, возилата со посилни мотори, помалку ќе ја почуствуваат употребата на клима уредот, додека тие со послаби мотори ќе мора да се помират со побрзо празнење на резервоарот.