Совети
Како да се продолжи векот на траење на пневматиците?
Иако сосема погрешно, нашироко е прифатено мислењето дека пневматиците со кои се поминуваат повеќе километри се поквалитетни.
Вистината е спротивна – поквалитетните пневматици подобро прилепуваат за подлогата заради што и се трошат побрзо, додека оние кои држат послабо траат повеќе.
Сепак и за едните и другите важат неколку основни правила како да им се продолжи животниот век. Имено, тие се единствен контакт на возилата со патот и заради тоа тој треба секогаш да биде оптимален.
Ако е повисок се нарушуваат возните карактеристики и комфорот, а ако е понизок се зголемуваат абењето на пневматиците и потрошувачката на гориво. Безбедноста и во двата случаи се загрозува.
Заради ова, притисокот во пневматиците треба да се проверува барем еднаш месечно и пред секое подолго патување. Доколку вашето возило е опремено со електронски систем за контрола на притисокот не верувајте му слепо и сепак проверувајте го рачно со помош на манометар.
Исправната работа на сопирачките се подразбира, исто како и избегнувањето со поголема брзина да поминувате преку дупки или пак да се искачувате на високи тротоари.
За порамномерно трошење на пневматиците влијае и нивната повремена ротација но само од предната оска на задната и обратно, никако дијагонално – левото тркало треба да си остане на лева страна, а десното на десна.
На ова посебно треба да обратите внимание ако често возите со високи брзини или пак со оптоварено возило.
На векот на траење на пневматиците влијаат и вашите навики и стилот во возењето, но тоа сигурно нема да го смените.
За крај, не возете со зимски пневматици на лето.