Совети
И горивата имаат рок на траење
Во време кога можеби ги возиме, а можеби и не нашите автомобили, се наметнува прашањето колку долго горивата – бензинот или дизелот, можат да стојат во резервоарот?
Долгото стоење на автомобилот, а со тоа и неговото гориво во резервоарот, секако не е препорачливо.
На сите нам ни е јасно дека ништо, вклучително и горивото во нашите резервоари, не може да трае вечно, но ако на пример храната ја проверуваме, тоа не го правиме со него.
Рок на траење за горивата не е пропишан, ама и да е, никој од нас ниту ќе се сеќава кога последен пат наточил, ниту пак ќе знае колку тоа што го наточил може да му трае.
Начелно треба да се знае дека бензинот после два-три месеци ќе ги изгуби својствата, до толку што нема да можете да го стартувате автомобилот.
Дизелот е за нијанса поиздржлив, но кај него во прашање се јавуваат други проблеми поврзани со годишните времиња.
Имено, дизелот што го трошиме не е ист на лето и на зима заради адитивите кои му се додаваат и кои ги дефинираат неговите својства.
Ако пак трошите биодизел ќе се соочите со сосема поинаков проблем предизвикан од бактериите во него кои со стоење создаваат талог.
Во спротивно ризикуваме да дојде до корозија во резервоарот за гориво или запушување на системот за негово доведување до моторот, ако не и полошо.
За крај, да кажеме дека не постои сигурен начин да се утврди дека горивото е дотраено и дека ако светне некоја сијаличка токму тоа е проблемот.
Затоа најпаметно е да не оставате гориво повеќе од четвртина резервоар, но ниту помалку бидејќи тоа, пак, може да предизвика сосема други проблеми.
Со поинакви зборови кажано, автомобилот сте го купиле да го возите, а не да ви стои за покажување пред соседите, затоа возете го!