Совети

Возење по летни горештини

Објавено на

 

Управувањето со моторно возило при екстремно високи температури претставува сложено психо-физичко дејство кое содржи многу предизвици.

Возењето е убава работа. Поготово за лубителите на транспортни направи кои ги нарекуваме автомобили. И тоа без разлика на временските услови кои владеат при седнување зад управувачот.

Како и сите останати работи во животот, овие констатации се прилично еднодимензионални.

Што правиме со луѓето кои возат само од потреба, или пак со тие што имаат некакво нарушување на здравјето?

За нив, а и за многу други, управувањето на возило при екстремно високи надворешни температури претставува своеврсна трауматична пракса која треба да се совлада.

Сето тоа под услов возилото да има функционален клима уред. Ако го нема, најдобро не седнувајте во такво возило, поготово не на подолг пат.

Најпрво што треба да се направи пред тргнување е изедначување на температурите надвор и во внатрешноста на автомобилот. Отварањето на сите врати се смета за добра почетна активност. Ако е потребно некоја минута може да се вози и со отворени прозорци.

Во претходните подготовки треба да бидат вклучени лесна памучна облека која би ги покрила сите делови на телото, и секако, големи количини течност.

Всушност препораката на лекарите секогаш се сведува на консумирање на течност. Многу течност!

Говориме пред се за вода, а ако сакате посилен вкус најпрепорачливи се овошните сокови и чаевите. Течностите не би требало да се консумираат многу ладни затоа што ќе предизвикаат нагло потење. А тоа е траума која баш и не му е потребна на загреаното тело.

Ништо што мириса на алкохол (па дури нуту безалкохолно пиво) никако не смее да биде вклучено во менито. Најдобро воопшто да го нема во возилото.

Клима уредот не смее да биде подесен на температура која е максимално 12 степени пониска од надворешната – за оптимални се сметаат 10 степени разлика.

Во спротивно ризикувате при излез од возилото да колабирате во првите пет секунди. Човечкиот организам не поднесува нагли промени. Херојствата на оваа тема најчесто завршуваат на првиот, евентуално на вториот чекор од возилото.

Така велат лекарите.

Она што ние би го додале е избегнување на возењето со отворени прозори. Првично тоа делува како добра идеја, но сметајте со фактот дека комфорот ќе биде значително нарушен.

Бучавата, ударите на (топол) воздух и директната светлина, во значителна мера ќе ја намалат возачката концентрација. А тоа воошто не придонесува кон безбедното возење.

Со мала подготовка можеме непријатностите предизвикани од возењето по жештина да ги претвориме во лесно подносливо искуство. Ако се придржуваме кон овие неколку едноставни дејствија, тоа може да се претвори дури и во патно задоволство.

 

 

 

тескт: Агрон Сулејман

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.