Совети

Викенд – денови со зголемен број сообраќајни незгоди

Објавено на

 

Секој викенд само во подрачјето на главниот град се случуваат помеѓу 25 и 30 сообраќајни несреќи. Дали можеме барем да ги намалиме последиците?

За време на викендите нормално е да се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Тоа се однесува како на движењето низ урбаните средини исто така и вон нив.

Нашиот проблем е што сообраќајната раздвиженост секогаш ја плаќаме (пре)скапо – со зголемен број на сообраќајни незгоди.

Со години слушаме апели за почитување на прописите и законите, но се чини дека тоа не е доволно. Сообраќајките стануваат наше црно секојдневие кое, за жал, го прифаќаме како неминовност.

А не мора така да биде, само што потребно е сите чинители кои влијаат на безбедноста, да си ја вршат својата работа. За почеток доволно ќе биде сериозно да ја сфатиме состојбата и секој од нас сообраќајот да го перцепира како крајно одговорно и комплексно дејство.

Ако со инстант мерки не можеме да влијаеме врз нашата и туѓата безбедност, тоа што можеме веднаш да го направиме е барем да бидеме одговорни субјекти кои со своето поведение нема да ги загрозат останатите учесници во сообраќајот.

Секоја незгода сама по себе претставува траума. И притоа среќа е ако сé остане само на психолошка траума, односно да помине без повреди. За жал, најчесто последиците се многу подраматични. Притоа материјалниот момент воопшто не го зимам во предвид – тој, полесно или потешко, се надокнадува.

 

 

Автор: Агрон Сулејман

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.