СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

VW против ограничувањето на брзината во Германија

 

Во екот на политичката дискусија дали заради емисиите на штетни издувни гасови треба да се ограничи максималната брзина на автопатиштата низ Германија, се јави Volkswagen.

Повод се парламентарите избори но причината е подлабока – една од темите на политичките кампањи во Германија е и ограничувањето на брзината на автопатиштата.

Обиди за тоа имаше и досега, но сите поминаа безуспешно – во Германија сé уште на добар дел на „аутобаните“ можете да возите колку можете.

Сепак забележливо е засилувањето на позициите на оние што се за ограничување на 130 километри на час, како и во сите останати европски земји.

Како контра на тоа се јави Volkswagen, кој смета дека ваквата дискусија е бесмислена бидејќи општеството се движи кон електричните возила.

Според мислењето на најголемиот светски производител на возила, ова прашање веќе ја губи и својата симболична улога бидејќи електричните возила не емитуваат никакви гасови.

Плус на тоа, што им е јасно на сите, тие се движат значително побавно.

Затоа во Volkswagen сметаат дека сé само по себе ќе се реши и дека политичката енергија треба да биде насочена токму кон ширењето на електромобилноста.

И навистина е така, мора да кажеме, иако постои и друга страна на медалот а тоа е некој треба да ја произведе таа струја, која во Германија главно доаѓа од термоцентрали на јаглен.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот