СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Volkswagen Golf GTi Clubsport: Не е за секого

После стандардниот GTi, Volkswagen ја дополни гамата на Golf 8 со посилната Clubsport верзија.

Да не ве држиме во неизвесност – телеграфски: Golf GTi Clubsport има 2.0 литарски мотор со 300 КС и 400 Nm, што е за 55 КС и 30 Nm повеќе од обичниот GTi

Добиени со нов турбокомпресор, поголем интеркулер и ремапирана електроника, тие во содејство со 7-степениот DSG менувач со пократки преноси му овозможуваат забрзување до 100 километри на час за помалку од 6 секунди и електронски ограничени максимални 250 km/h.

Во Clubsport пакетот доаѓа и унапреден Vehicle Dynamics Manager систем, адаптивни амортизери со 15 степени на подесување, дотерано управување и модификувано, за 15 mm пониско ослонување.

Но најбитното за ентузијастите е посебниот режим на возење кој Volkswagen го нарече Special, посебно калибриран за Nürburgring Nordschleife патеката.

Естетски Golf GTi Clubsport се разликува по предниот браник со саќести отвори за воздух, 18-инчните тркала, црниот заден спојлер, спортскиот издувен систем со две цевки, како и црвените контрастни шевови во внатрешноста.

Секако и по цената која засега се крие од јавноста бидејќи другите бројки се побитни.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот