СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Toyota Yaris Cross: Високиот влог на Toyota

 

Влезот на Toyota во SUV Б-сегментот се одвива преку интелигентен погон на четири тркала и хибридна технологија. Сето тоа е пропратено со сопствен дизајнерски идентитет и примена на врвна безбедносна опрема.

Логичен и очекуван беше влезот на Toyota во урбаниот SUV свет. Можеби не со ваков силен состав, но сепак, нели, говориме за најголемиот светски бренд.

За Yaris Cross уште од старт се употребени речиси сите адути: хибридна технологија, интегрален погон, врвна безбедносна опрема и впечатлив дизајн.

Проектот е започнат со испитување на реалните клиенти и нивните очекувања од тој вид возила. Ангажманот на дизајнерските студија во Јапонија и Франција се смета како логичен избор за возило наменето за Европскиот пазар.

 

 

Механичката основа е идентична со новата генерација на Yaris која се очекува уште оваа есен. GA-B платформата со меѓуоскино растојание од 256 cm поддржува хибридна технологија, и што е уште поважно, освен предните може да ги придвижува и задниот пар тркала.

Под хаубата на типичниот SUV изглед, сместен е целосно нов трицилиндерски мотор од 1.5 литри кој развива 116 КС. Работи под Аткинсонов ритам и се фали со термичка искористеност од цели 40%. Како за споредба само, најефикасни се моторите на Mercedes кои се вртат во F1 за кои се смета дека со 52% се апсолутни рекордери.

Во превод, овој процент значи емисија на CO2 од 90 g/km (само со преден погон) и под 100 g/km во случај кога се активни сите тркала. Јасно, најновата четврта по ред хибридна технологија, го дава најдоброто од себе.

 

 

Сега Toyota во употребува има бензинци од 2.5, 2.0 и 1.5 литарски мотори (Corolla, C-HR, RAV4 и Camry) кои освен што служат за погон, произведуваат и електрична енергија која потоа се употребува исто така за погон.

По правило во Yaris Cross активен е само предниот пар тркала, но штом се покаже потреба се вклучува електромоторот сместен на задната оска. Отсуството на механички компоненти, со намалената тежина, го дава својот придонес кон економичноста.

Кога летвичката ќе се подигне на ниво на светски рекорд, очекувањата околу вградената опрема се со исти критериуми. Елементи на самостојно управување и сопирање се таму каде што и се очекуваат.

Дизaјнерската екипа во која последниот збор го имал Ленс Скот, својски се потрудила да го задржи семејниот имиџ на поголемите SUV модели но и да постигне визуелен ефект својствен на новиот Yaris.

Прашањето кој друг производител вградува вака високи технологии во Б-сегментот, можеби одговорот го наоѓа само уште во Hyundai/Kia.

Yaris Cross ќе се произведува во Франција со годишен ритам од 150 илјади примероци – убава бројка која можеби најавува и поволна цена!

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Toyota

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот