СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Toyota Yaris го освои врвот на Европа

 

Стручното жири составено од 59 членови кои доаѓаат од 22 европски држави за “Автомобил на годината во Европа“ го прогласи Toyota Yaris.

Титулата “The Car of the Year 2021” и припаѓа на Toyota Yaris.

Ова е веста која денеска (01.03.2021) на онлајн презентацијата пренесувана преку службениот сајт на Geneva International Motor Show беше соопштена на јавноста.

На годинашниот избор, одржан под многу специфични услови предизвикани од пандемијата, во најтесниот круг беа номинирани 7 модели.

Според традицијата започната во 1964, Изборот на Автомобил на годината во Европа доделува само една награда.

И тоа, секако, највредната автомобилска титула на Стариот континент.

Стручното жири кое го врши изборот на претставените модели од минатата година, е составено од 59 новинари кои доаѓаат од 22 европски држави.

Според нивно мислење конечниот редослед на номинираните финалисти излгледаше вака:

Toyota Yaris:                               266 поени

Fiat New 500:                             240 поени

Cupra Formentor:                      239 поени

Volkswagen ID.3.:                      224 поени

Škoda Octavia:                           199 поени

Land Rover Defender:              164 поени

Citroën C4:                                  143 поени

Во аналите на “The Car of the Year” изборот стои дека тоа е формирано од најугледните автомобилски списанија во Европа: “Auto” од Италија, “Autocar” од Обединетото Кралство, “Automobil Revue/Revue Automobile” од Швајцарија, “Autopista” од Шпанија, “AutoTrends” од Белгија, “Autovisie” од Холандија, “Firmenauto” од Германија, “L’Automobile Magazine” од Франција и  “Vi Bilägare” од Шведска.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо