СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Toyota Corolla Cross: Нов член во семејството Corolla

 

Cross-трендот започнат со Aygo и Yaris, Toyota го продолжува со Corolla Cross пополнувајќи ја така SUV празнината помеѓу помалиот C-HR и поголемиот RAV4.

Corolla е на самиот светски продажен пиедестал. На сцена е 12. поколение на најпродаваниот автомобил во историјата.

Бројките говорат за успехот: од премиерното претствување во 1966 година, до сега се пласирани над 50 милиони примероци.

Cross варијантата ќе се потруди таа реалност да ја обои во уште поинтензивни нијанси.

Пред појавување на оваа верзијата, Corolla беше на располагање како хечбек, седан и караван, а сега на семејството му се приклучува и SUV член од компактната класа.

По пристигнувањето на Cross верзиите на Aygo и Yaris за очекување беше Toyota да го прошири SUV-семејството со модел кој го сместува помеѓу етаблираните C-HR и RAV4.

Нов хибриден состав

Факт: Toyota е најголемиот светски производител кој своите автомобили ги пласира на сите континенти.

Почнувајќи од 2015 (со Prius од 4-та ген.) јапонците се приклонуваат кон филзофијата на модуларни платформи и компоненти кои тие ја нарекуваат TNGA (Toyota New Global Architecture).

Во духот на тој пристап, а прилагодена кон класната припадност, е конструирана и новата Corolla односно SUV верзијата, Corolla Cross. Платформата е позната како GA-C и овозможува вградување на хирбидна технологија кој ги придвижува предните тркала.

Но, исто така има можност и за погон на четири тркала кој се постигнува со вградување на моќен електромотор на задната оска. Сето тоа го има опционално и кај Corolla Cross верзијата.

Во случајот со нашиот тестен модел говориме за чист хибриден погон кој остварува пренос на предната оска. Според добрите навики, кои веќе се поминати во класика, преносот кај хибридните погони се одвива преку автоматски CVT менувач.

Колку и да ни е познат хибридниот погон на Toyota, сепак во Corolla Cross е вграден сосема нов хибриден систем.

Се работи за 5-тата генерација кај која функционира спрега на нов атмосферски бензинец од два литри и оптимизиран електромотор кој се напојува со нови литиум-јонски батерии.

Вкупната системска силина од импозантните 197 КС може да се почуствуваат во секој режим на работа.

Нечујно, меко и штедливо

Кај сите хибриди на Toyota се тргнува со помош само на електромотор. Потоа, зависно од условите, се вклучува атмосферскиот бензинец кој го испорачува потребниот вртежен момент. Возењето продолжува глатко да тече во зависност од патните услови и побарувањата на возачот.

Најважно од сé, промените на режимот на возење се одвиваат нечујно и без никакви возбудувања на механиката. Тоа го имаше и до сега, но новиот систем глаткото возење го доведува до екстремно високо ниво.

Да, се рабира, и со минимална потрошувачка на гориво. Декларираните (просечни) 5,0 литри во пракса тешко ќе ги постигнете. Виновник за минимално повисоката потрошувачка (5,8 литри) е токму возачот кој воопшто не е свесен за високите просечни брзини.

Всушност сите вредности SUV верзијата на Corolla ги демонстрира при повисоки брзини кајшто управливоста и извонредните изолации со ништо не наговестуваат дека сте влегле во брзинската зона на сообраќајна казнивост.

При брзото преминување преку едноподруги свиоци возилото воопшто не покажува тендеција на проширување на траекторијата. За губење на стабилноста воопшто не се дискутира, за тоа се грижат електронските системи чија ефикасност е додатно подобрена.

Сублимирано, најголемите вредности на возилото се длабоко сокриени под лакираниот лим.

Безбедност за сите корисници

Принципот по кој се води Toyota е јасен. И во основниот пакет на опрема, тојота го вгадува Toyota Safety Sense кој го содржи целиот сет на безбедносни системи.

Од долгиот список само би ги издвоиле системите кои се грижат за избегнување судир, потоа автоматското запирање во случај на опасност, задржувањето на коловозната лента, покривање на мртвиот агол,…

Убавината на осовремените системи се крие во фактот што ажурирањето се врши автоматски односно без потреба од интервенции.

Во овој дел навистина нема што да се приговори, сé е ставено во функција на задоволување на потребите за целото семејство.

Класичните решенија се доведени речиси до перфекција, факт кој ќе им се допадне на клиентите кои функцијата ја ставаат пред естетските експериментирања.

И за да не помислите дека сме го изгубиле сенсот за критики: првата и најголема критика ја упатуваме на прилично неутралниот дизајн, кој е се само не возбудлив. Доволно е да се погледнат Cross изведбите на Aygo и Yaris па да се сложите со изречената констатација.

Втората завелешка ја упатуваме на големината на десниот ретровизор, кој при просечно подесена висина на седиштето, во добра мера го затвара видното поле во случај на вртење на лево.

Почетната цена на Corolla Cross е поставена на 38.450 евра, додека возениот модел кој беше опремен со пакет на опрема Executive Plus изнесува 40.790 евра. Да, гаранцијата и за овој модел на Toyota изнесува 10 години.

 

Toyota Corolla Cross

(Executive Plus 2.0L 2WD)

мотор линиски бензинец со “Full hybrid” асистенција, четири цилиндри, сместен напред, попречно
работна зафатнина 1.987 cm3
пречник и од 80,5 × 97,5 mm
напојување две брегасти оски, четири вентили по цилиндар, компресија 14,0:1
максимална силина 112 kW / 152 КС @ 6.600
максимален вртежен момент 190 Nm  @ 4.400- 5.200 врт/мин.
пренос на силина e-CVT, безстепенски автоматик, погон на предна оска
електромотор 83 kW (113 КС) / 206 Nm
системска силина 145 kW / 197 КС
потпирање Напред: независно, McPherson, стабилизатор                    Назад: независно, просторна оска, стабилизатор
сопирачки: напред / назад вентилирани дискови / вентилирани дискови  – ABS, EBD, ESP
должина x широчина x височина 4.460 x 1.825 x 1.620 (mm)
меѓуоскино растојание 2.640 mm
тежина 1.445 kg
максимална брзина 180 km/h
забрзување од  0 – 100 km/h 7,6  секунди
комбинирана потрошувачка 5,3  l/100km
емисија  на CO2 (WLTP) 121  gr/km

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови