СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Toyota Aygo X prologue: Зошто поинаку ако може вака? [видео]

 

Со својот најнов концепт Toyota нé воведува во една приказна со која наново го дефинира градскиот автомобил каков што е Aygo.

Со лани продадените 82.711 примероци, Aygo не е на врвот во класата ама одлично се држи на третото место. Колку добро нека илустрира тоа што неговите полубраќа близнаци 108 и C1 заедно имаат продажба поголема од него за само 1.500 примероци.

Така беше лани, многу слично и полани, но така нема да биде во иднина затоа што Aygo X prologue е една сосема нова визија на малиот автомобил кој сигурно ќе го измени балансот на силите во А-сегментот.

Toyota од своите дизајнери побара при неговото креирање да погледнат со свежи очи, а тие се надминаа себе си бидејќи вакво нешто беше тешко и да се замисли, а камо ли да се исполни.

Јапонците со него јасно праќаат порака дека за разлика од другите не сметаат дека судбината на малите градски автомобили во Европа е запечатена со сé построгите еколошки мерки и замирањето на моторите со внатрешно согорување.

За нив не е сé така црно, туку обоено во нови нијанси распластени меѓу традиционалните хечбеци и трендовските кросовер силуети.

Во овој момент за него изостануваат било какви технички детали, освен дека е поставен на GA-B платформата, истата онаа која ја имаат Yaris и Yaris Cross, што значи дека нивниот хибриден погон лесно ќе го најде патот и до идниот Aygo.

Не е познат ниту датумот на излегувањето на пазарот, но тој сигурно нема да биде многу далеку.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот