СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Toyota Aygo X: Милениче со кросоверски атрибути

 

Со стартна цена од 13.490 евра – идентична на поголемиот Yaris – Aygo Cross настапува самоуверено влегувајќи со јасни амбиции во класата на кросовери од А-сегментот.

Од порано најавен, истовремено со настапот на европскиот пазар пристигна и кај нас. Службено нарачен Aygo X всушност ја претставува Cross-приказната на најголемиот светски производител.

Најпрвин ja видовме Cross варијантатат на Yaris, за да сега продолжи со еден број помалиот Aygo, а да крајот на годината се заокружи со најпродаваниот автомобил во историјата, Corolla Cross.

Однесувањето на Toyota не би требало никого да изненади – едноставно тие ги диктираат трендовите. А кога таа стратегија ќе се потпре врз темелно испитаните потреби на купувачите, успехот станува дел од рутината.

Дали можеби некој ќе се посомнева во успехот на Cross-серијата. Toyota воопшто не остава такви дилеми.

Конкретно: Aygo X е поставен на новата TNGA-B платформа која е позајмена од поголемиот Yaris. Со тоа многу работи стануваат појасни. Во однос на класичниот Aygo, меѓуоскиното растојание е зголемено на 2.430 (+90)mm а минималното растојание од тлото е поголемо за 11mm.

Со тркала од 17 и 18 инчи, вкупната височина се искачува на 1.510 mm факт кој овозможува повисоко, кросоверско седење. Заедно со тоа секогаш оди и подобрената видливост, а тоа очигледно, знаат клиентите да го ценат.

Околу визуелниот впечаток би истакнале само дека пропорциите и дизајнерските елементи делуваат прилично оригинално. Да и возбудливо, баш како што пред неколку години најави шефот на Toyota, г-дин Акио Тојода.

Како моторна опција се нуди провериениот трицилиндерски еднолитраш кој ослободува 72 КС. Моторот кој е веќе влезен аналите на класиката додатно е оптимизиран, а со тркалата може да биде поврзан преку мануелен менувач или преку безстепенска CVT трансмисија.

Тежината од максималните 1.360 kg. воопшто не е прачка за рекордно ниските бројки на потрошувачка која се движи во границите помеѓу 4,7 и 5,1 литри за секои 100 изминати километри.

Новиот безбедносен стандард наречен Toyota Safety Sense, во Aygo Cross е проектиран со големо внимание, и тоа не само поради сензитивноста на пониските класи туку и поради високо поставените стандарди за активна и пасивна безбедност на Toyota.

Во поглед на персонализацијата и расположливата опрема, на нашиот пазар Aygo Cross ќе се нуди во четири пакети Joy, Play, Pulse и Envy кои оставаат минимални можности за да се посака нешто повеќе.

Aygo X со почетното ниво на опрема и мануелен менувач се нуди по цена од 13.490 евра.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг