СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Toyota има кажа “ciao” на дизелите во Италија

 

Од први јануар 2018 г. јапонскиот гигант нема веќе да нуди возила со дизелски агрегати на италијанскиот пазар.

Во опшата хајка која глобално се води против возилата со дизелски агрегати, великодушно се приклучува јапонскиот автомобилски гигант.

Во прочистување од штетните азотни оксиди кои ги емитираат дизелските мотори, Toyota најпрвин се одлучува на повлекување на возилата на нафта од италијанскиот пазар.

Стратегијата е јасна, на купувачите ќе им бидат понудени бензинци или хибридни возила кои се одамна одомаќени кај Toyota.

Покрај веќе докажаните електро-бензински хибриди тука е и понудата на моделот Mirai која користи технологија на горивни ќелии односно троши водород а од издувот испушта само чиста водена пареа.

Вториот по големина светски производител, одлуката за повлекување на понудата на возила со дизелски мотори покрај еколошкиот момент ја заснова и на зголемената побарувачка на хибридни возила која во однос на 2016 е зголемена за цели 71% или на над 180 илјади единици од сите модели.

Дали ова е најава за повлекување на дизелите и од останатите европски пазари? Се чини дека одоговорот на ова прашање е и повеќе од очигледен!

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV