СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Thundertruck –  див електричен теренец

 

Вака изгледа кога рекламна агенција ќе се нафати да дизајнира возило.

Од само ним познати причини, креативците од рекламната агенција Wolfgang LA дизајнираа див електричен теренец.

Како велат, на оваа идејата работеле две години заедно со автомобилски инженери и дизајнери и имаат желба ова возило да го претворат во производствена стварност.

Наречено е Thundertruck и во спородба со него футуристичкиот пикап на Tesla изгледа некако млако и воздржано.

Направени (всушност нацртани) се две изведби – со 4×4 и 6×6 погон бидејќи електричната платформа дозволува поголема техничка слобода,.

Според авторите на ова дело, веќе се разговарало со потенцијални производствени партнери и инвеститори и ако идејата успее, цената на Thundertruck би изнесувала околу 70.000 долари.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV