СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Tesla со разочарувачки почеток на годината

 

Големата побарувачка никако не може да се задоволи со актуелниот интензитет на производство.

Иако американскиот производител на електрични возила неуморно работи на претставување на нови модели, сепак интензитетот на производството на трите сериски модели ниту од далеку не е на проектираното ниво.

Последниот квартал од 2017-та е завршен со производство на 29.800 единици од кои 15.200 отпаѓаат на Model S, 13.120 на SUV-от Model X и само 1.550 единици на Model 3.

Од најновиот модел (Model 3) до крајот на годината беа планирани по 1.000 единици дневно, а во моментот фабриката се бори со остварувања кои се далеку од тој таргет.

Колку за потсетување да кажеме дека до сега за Model 3 се акумулирани над 400 илјади претплати за кои производителот има земено по пет илјади долари капар.

Според предвидувањата до крајот на месец март од производните ленти неделно би требало да излегуваат по 2.500 единици додека полниот капацитет од 5.000 возила би требало да биде постигнат дури кон крајот на третото тромесечие.

Во службените изјави како главна причина за пролонгирање на испораките се истакнува подобрување на квалитетот, но експертите јавно предупредуваат дека Tesla се соочува со непремостлива планина од проблеми во постигнувањето на зададените цели.

Во секој случај уште еднаш на дело се покажува дека една работа е претставување на нови проекти а сосема друга е организирање на масовно производство. Па макар зад тој производител стоела и самата американска администрација.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот