СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Tata Tigor EV – електрична сензација од Индија [видео]

 

Ниту Индија не е надвор од тековите – и таму електричните возила се во подем.

Tata која низ светот е позната како сопственик на Jaguar Land Rover но и како креатор на микроавтомобилот Nano, има интересен електричен адут.

Се работи за хечбек од Б-сегментот со купе стилски карактеристики и должина од само 4 метри, наречен Tigor EV.

Моделот не е нов туку само обновен и сега располага со електромотор со 75 KS и батерии од 26 kWh кои му овозможуваат автономија од некои 300 km.

Рационалното и евтино производство им дава надеж на Индијците дека ќе можат да го лансираат во Европа по цена од 15-тина илјади евра.

Плановите за тоа официјално не се објавени, но ако дојде на Стариот континент сигурно нема да биде игнориран, посебно не во земјите каде електричните  возила имаат субвенции.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV