СЛЕДЕТЕ НЀ
728x90

Инфо

Subaru станува дел од Toyota групацијата

 

Јапонските автомобилски компании Toyota и Subaru продолжуваат да ја шират меѓусебната поврзаност на капиталот – планираат и развој на заедничко возило.

Subaru Outback 2020

Toyota ја проширува соработката со јапонскиот конкурент Subaru и го зголемува својот удел во капиталот од сегашните 17% на околу 20%.

Врз основа на пазарната капитализација на Subaru, инвестицијата ќе изнесува до 80 милијарди јени (околу 680 милиони евра), соопштуваат од Toyota.

Од друга страна Subaru во заедничките проекти ќе учествува рамноправно, односно ќе остане во истата финансиска рамка со Toyota.

Покрај тоа, компаниите најавуваат дека заеднички ќе градат нови возила со интегрален погон. Токму во погонот на четири тркала лежи јачината на Subaru.

Од друга страна Subaru сака да профитира од хибридната технологија на Toyota која како што е познато е на самиот технолошки врв. Покрај тоа, планирано е ново издание на некогаш заеднички развиените спортски модели Toyota 86 / Subaru BRZ.

Продлабочувањето на соработката се одвива поради сè поголемите финансиски предизвици со кои се соочуваат глобалните производители на автомобили. Тие ги спојуваат своите сили за да ги намалат трошоците за развој и производство на нови технологии.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо