СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

SsangYong го забрзува своето патување до електрификацијата

 

Во минатото многу контроверзни работи се испреплетоа околу корејскиот SUV специјалист SsangYong, но тој едноставно не потклекнува пред ништо.

Последната вест што до сега пристигна од SsangYong беше дека компанијата, заради тоа што испуштила рата од кредит во висина од само 55 милиони долари, во декември отиде во банкрот.

Но упорноста на Корејците не запре ниту пред тоа и тие продолжија да работат дури и посилно за да ја привлечат подобри понуди од потенцијалните купувачи на компанијата.

Тоа резултираше со финализирање на развојот на новиот електричен модел, кој беше познат под кодната ознака Project E100 и од кој требаше да произлезе електричен SUV.

Но со оглед на ситуацијата, тој ќе се трансформира во три слични но сепак различни возила кои ќе имаат задача да ги извлечат од кризата.

Првото е средно големиот електричен SUV кој под комерцијалната ознака Korando e-Motion веќе започна да се произведува во Кореја, додека лансирањето во Европа му е закажано за октомври.

После него ќе следи уште еден SUV планиран за идната 2022 година, а третиот модел ќе биде пикап кој ќе ги користи истите технички решенија.

Информациите за нив засега се ограничени бидејќи плановите и амбициите на SsangYong ги нарушува недостатокот на чипови.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот