СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Sony влегува во автомобилскиот бизнис (видео)

На саемот за електроника  технологија, CES 2020 кој се одржува во Лас Вегас, Sony изненади со претставување на сопствен автомобил. Sony Vision-S е лимузина која се движи со помош на електромотори а има и систем за автономно движење.

На традиционалниот саем кој се одржува во Лас Вегас, со претставувањето на сопствен автомобил, Sony приреди вистинска сензација.

Да се работеше за некој видео/аудио уред, за нова генерација на PlayStation или пак за некој целосно нов комуникациски уред, ќе разберевме. Ама, автомобил никој не очекуваше.

И тоа каков? Луксузна лимузина со должина од 489 cm која се движи со помош на два електромотри, опремена со најсовремени системи и со можност за автономно движење.

При изработка на прототипот како соработници се јавуваат врвните производители на компоненти: Magna, Continental, ZF и Bosch.

Убаво друштво кое знае да испорача врвни резултати – Sony Vision-S е поставен на нова платформа со меѓуоскино растојание од цели 300 cm. Двете оски се со двојни триаголни рамења, и со по еден електромотор од 200 kW (322 KS).

 

 

Изненадувачки капацитетна основа. Затоа и не изненадува податокот кој говори за забрзување во кое првата стотка се фаќа за прилично спортските, 4.8 секунди. Претпоставуваме дека максималната брзина ќе претрпи електронско ограничување.

Кога се познати основните механички компоненти, доаѓа редот на областа во која јапонскиот електронски гигант е доминантен.

И да не заборавиме, CES сепак е салон за прикажување на електронските и технолошите иновации.

Кога веќе ќе се влезе во таа област, Sony има што да каже. Во Vision-S е најдоброто со кое јапонците располагаат во моментот. Од бројните сензори, камери, радари и ласери, преку обработка на сите добиени информации, па сé до извршните роботизирани команди.

На CES 2020 светот доби нов автомобилски производител. По импресивниот настап веќе никој не се сомнева дека прототипот ќе се слее во сериски автомобил, а светот ќе добие нов „играч“ во автомобилскиот бизнис!

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот