СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Мотоцикли

Sonders Metacycle: Електричен мотоцикл за 5К долари

 

Калифорниската компанија позната по електричните велосипеди понуди сериозен урбан мотоцикл кој ќе чини само 5 илјади долари.

Пазарот во САД веќе имаше прилика да ги запознае електричните Harley Davidson LiveVire (30K $) и Tarforum Luna (23K $) како вистинска замена за класичарите.

Просторот сега го пополнува Sonders, Калифорниски производител глобално познат по пласаманот на бројни иновативни варијанти на електрични велосипеди.

Урабиот мотоцикл Metacycle во малопродажба ќе чини само 5.000 долари со што станува достапен за широка маса на мото-лубители.

Уште кога ќе се види што се е вградено во електричниот мотоцикл станува јасно во кој правец ќе се движи урбаната електрична реалност.

Мотоциклот тежи само 90 kg за што заслуги носи и целосно алуминиумскиот рам.

Електромоторот е сместен директно на задното тркало со што се избегнува било каков менувач или пренос.

На местото каде што преку еден век сме навикнале да гледаме класични мотори, сега е сместен сетот од батерии.

Со едно полнење може да се поминат до 130 килметри со тоа што максималната брзина е ограничена на идентичните 130 км/ч.

Да не брзаме со заклучоците дека овој мотоцикл може да се вози само еден час – тоа важи само при користење на маскималната брзина.

Интересен е податокот кој говори за преносливоста на батериите што пак значи дека тие може да се полнат на најадекватното место.

Урабниот карактер на Sonders Metacycle ќе дозволи и значително поголем радиус на движење од максималниот, се рабира во зависност од условите.

И за крај – всушност, начесто тоа е почеток на секоја одлука – цената од ислучително поволните 5 илјади долари е неколкукратно пониска од конкурентските производи, а сепак говориме за многу сериозен мотоцикл.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Мотоцикли