СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Škoda Fabia: Сериозен атак на Б-сегментот [видео]

 

Четвртата генерација на Fabia е поставена врз платформата MQB-A0, доаѓа со зголемени димензии а во неа ќе се вратат најсовремените корпорациски мотори.

Да биде јасно, новата Škoda Fabia прави одлучен исчекор во однос на претходникот.

Должината од 4.108 mm (+111 mm) и меѓуоскиното растојание од 2.564 mm (+94 mm) значат опасно приближување до моделите од повисоката класа. Ако почнеме со споредби, на дофат на раката е Golf Mk 6.

Во овој силовит моделски налет, прва на удар ќе биде релативно новата Škoda Scala. Зголемените димензии позитивно се одразуваат и на понудениот багажник кој може да прими цели 380 литри.

За да не остане само на димензиите, конструкторите се потрудиле да понудат и адекватна содржина. Елегантните линии се пропратени и со одличен коефициент на отпор од 0.28 што за оваа класа е извонредно постигнување.

И покрај поголемите габарити и збогатената опрема, вкупната тежина е намалена (во просек за 20 kg) што заедно со подоброто сечење на воздухот го даваат својот несебичен придонес кон економичноста.

Внатрешноста е уште еден силен аргумент кој им се дава во рака на продажните агенти. Убав скоцкана средина која во повисоките нивоа на опрема нуди дигитална табла со иснтрументи од 10,25 инчи и ифо-забавен дисплеј кој може да се порача со големина до 9,2 инчи.

Првичната моторна понуда ја сочинуваат три единици: трицилиндерскиот атмосферец од 1,0 литри може да ослободува 65 односно 80 КС, во случај да има е вграден турбо полнач истиот е способен за испорака на 95 или 110 КС.

На врвот е поставен 1,5 литарски четвороцилиндерски турбо кој располага со максимални 150 КС и кој предните тркала ги движи со помош на DSG 7 менувач.

Подоцна се очекува и топ-моделот Škoda Fabia RS која ќе понуди сериозни 220 КС.

За смирување на скептиците, веќе влезниот модел (65 КС) нуди пристојни перформанси, со забрзување кое трае 15,5 секунди и максимум на брзина од 172 км/ч.

Поскромната турбо верзија (95 КС) на истите мерења покажува 10,6 секунди и 195 км/ч, што е само по себе резултат кој мора да се почитува. И двата наведени модела се задоволуваат со просечни 5.1 литри гориво за секои изминати 100 километри.

Новата Škoda Fabia во продажните салони се очекува пред почеток на летото, со цени кои не би требало да бидат значително повисоки од сегашните.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот