СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Renault Captur е официјален превозник на WIZZ Air Skopje Marathon 2020

 

Со почитување на сите мерки за заштита и протоколите за здравствена заштита на сите учесници, на 04.10. ќе се одржи традиционалниот WIZZ Air Skopje Marathon 2020.

Компанијата Аутомотив Груп која е увозник на брендовите Renault, Nissan и Dacia ја познаваме како верен поддржувач на спортот и спортските активности, но и како и пријател на најзначајните настани кои се одржуваат во нашата држава.

И покрај пандемијата која драматично ги промени условите за одржување на масовните спортски настани како што е организирањето на WIZZ Air Skopje Marathon, се смогнаа сили и годинава сепак да се задржи традицијата.

Се разбира со почитување на сите мерки и запазување на сите протоколи за здравствена заштита, организаторот одлучи повторно да ни го пружи задоволството да присуствуваме на врвен спортски настан.

Во тоа свој удел има и Компанијата Аутомотив Груп која како официјално возило за превоз обезбеди Renault Captur.

И не случајно, Renault Captur е најпродаван модел во својата класа како на Францускиот така и на заедничкиот Европски пазар, а го красат врвна безбедност, сестраност и големи можности за персонализација.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг