СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault Austral: Нов систем за управување со задните тркала

 

Во новиот Renault Austral, покрај мноштвото нова технологија, французите ја вградуваат и 3-тата генерација на управување на сите тркала.

Под комерцијалното име, 4CONTROL Advanced, уште од 2007 година Renault го вградува системот на управување со сите четири тркала.

Новиот адут во SUV Ц-сегментот, Renault Austral, е прв модел на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi во кој се вградува третата генерација на овој систем.

Истото така 4CONTROL Advanced премиерно се вградува во корпорациската CMF-CD платформа која е наменета за моделите од Ц и Д сегментот.

Системот функционира на тој начин што при мали брзини задниот пар тркала се врти до 5 степени и тоа во обратен правец од предните, овозможувајќи така маневрирање подобро дури и од некои претставници на градските возила.

При брзини поголеми од 50 км/ч, актуаторот, поставен на задната мулти линк оска, ги врти тркала за еден степен во иста насока со предните.

Одлуката за активирање на актуаторот ја носи контролната електроника откако ќе ги обработи сигналите од позицијата на управувачот, режимот на моторот и системот за електронска стабилизација (ESP) на возилото.

Со вртењето (иако за релативно мал агол) на задните тркала се вилјае на стабилноста на целата шасија, овозможувајќи така поголема агилност при поминување низ свиоци.

Бенефитите од вградување на 4CONTROL Advanced системот се чувствуваат како при манивирање при ограничени урбани простори така и при возење на отворен пат што се манифестира со поголема стабилност и безбедност.

Индивидуалното прилагодување на системот е предвидено да се врши преку Multi-Sense технологијата која исто така е унапредена за вградување во Austral.

Трите начини на возење: Eco, Comfort или Sport можно е да се сетираат на еден од 13-те различни нивоа, со што директно се влијае на отпорот при вртење на управувачот, чувствителноста на шасијата и моторот, контролата на тракцијата и динамичка контрола на возилото.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот