СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Renault Arkana: Конечно! (со видео)

Се изначекавме, но вредеше – купе-кросоверот на Renault дефинитивно пристигнува.

Renault Arkana беше претставен летото 2018-та во Москва и дочекан надвор од Русија како разочарување, малку заради употребената стара B0+ платформа од Duster & Co., повеќе заради тоа што не беше предвиден за Европа.

Во меѓувреме го добија и Корејците како Samsung XM3, но за разлика од рускиот модел таму беше поставен на посовремената CMF-B архитектура каква што имаат новите Clio, Captur и Juke.

Тогаш стана јасно дека еден ден сигурно ќе пристигне и на Стариот Континент, каде публиката ќе го пречека со раширени раце.

Најмногу заради компактноста спакувана во атлетски купе-кросовер со модерен и, мора да признаеме, доста атрактивен изглед.

Но за да не загуби ниту малку на привлечноста, за нашите простори ќе добие друго име – Megane Conquest, да не случајно некому Arkana му асоцира на нешто друго.

Да нема забуна, тој според габаритите е дури и поголем од компактот на Renault – должината му изнесува 4,57 метри (+21 сантиметри), а меѓуоскиното растојание 2,72 m (+5 cm). Тоа му дава малку попространа внатрешност, за која Французите подготвија богати пакети модерна опрема, меѓу другото и два дигитални екрани.

За задржување на динамичниот карактер што го дава флуидната каросерија ќе се грижат само еколошки мотори со иновативни технологии. Најмногу впечатлив ќе биде 1,6 литарскиот E-Tech со 140 KS позајмен од Clio кој е вистински хибрид, додека 1,3 литарските TCe 140 и TCe 160 имаат само 12-волтна микрохибридна поддршка.

Ќе се произведува во Јужна Кореја, а на европскиот пазар се очекува во првата половина од 2021 година. Нормално, цените засега не се познати.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео