СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Real Madrid го менува Audi со BMW

 

Еден од главните спонзори на актуелниот европски шапион ќе биде BMW.

По цели 19 години соработка на крајот на месецот истекува договорот помеѓу европскиот фудбалски шапион, Реал Мадрид и германскиот премиум бренд, Audi.

Повикувајќи се на секогаш добро информараните од „Марка“, договорот нема да биде продолжен туку веќе се разработени сите детали со BMW кој ќе биде еден од главните спонзори на тимот.

Освен обврската стандардните првотимци на „Кралевите“ да возат исклучиво автомобили од германскиот бренд како и истакнување на името на посебно забележливи места, логото на BMW ќе го краси и реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и тоа на места кои ќе бидат видливи како на самиот стадион така и надвор од него.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот