СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Porsche Cayenne E-Hybrid: Електромотор за почист издув

 

Porsche дополнително го проширува својот асортиман на хибриди: новиот Cayenne E-Hybrid ја комбинира динамика на возење со максимална ефикасност.

Новиот plug-in хибриден погон на Cayenne овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 5.0 секунди и максимална брзина од 253 километри на час.

Cayenne E-Hybrid може да помине растојание од 44 километри при брзина до 135 километри на час само на електрична енергија, постигнување кое е овозможено од капацитетот на батериите од 14.1 kWh.

Електричниот сет е искомбиниран со 3.0 литарски V6 бензинец кој ослободува 340 КС (450 Nm), што резултира со системска силина од 462 КС.

Просечната потрошувачка според NEDC (новиот европски циклус на возење), во зависност од сетот на употребените гуми, се движи помеѓу 3.4 и 3.2 l/100 km гориво при што батериите се трошат со темпо од 20.9 до 20.6 kWh/100 km.

 

Концепт за дополнителна моќ (boost) преземен од 918 Spyder

Системот за дополнителна моќ (boost) кој е развиен за Porsche 918 Spyder е додаден и во моќниот SUV на Porsche.

Тој гарантира дека електричниот мотор може да се користи во сите стандардни режими за возење вклучени во Sport Chrono пакетот, наменет за дополнително подобрување на перформансите.

Во зависност од ситуацијата и потребите во возењето, возачот може да продолжат да го зголемуваат вртежниот момент низ целиот опсег на брзини. Ова води до поагилно и супериорно искуство во возењето.

Во режимите Sport и Sport Plus, кои се фокусирани на перформансите, речиси целосната енергија на батеријата може да се искористи за „boost“. Во спортскиот режим, батеријата се полни само колку што е потребно. Во режимот Sport Plus, батеријата се полни колку што е можно побрзо. Другите режими ја поддржуваат максималната ефикасност на возењето.

Нов хибриден модул и Tiptronic S менувач

Porsche го редизајнира подвозјето на Cayenne E-Hybrid. Хибридниот модул се состои од високо интегрирана комбинација на електричен мотор и одвојувачка спојка.

За разлика од претходниот, одвојувачката спојка работи електромеханички, што овозможува уште побрзо време на реакција. Преносот го спроведува новиот Tiptronic S, ново развиен за целиот опсег на Cayenne со осум степени на пренос.

Автоматскиот менувач не само што нуди уште поудобно и беспрекорно придвижување, на возилото туку, исто така, значително го забрзува префрлувањето на брзините. Прекинувањето на влечната сила при процесот на префрлување исто така е намалено.

Cayenne E-Hybrid со подобрено полнење

Капацитетот на батериите е значително подобрен кај Cayenne E-Hybrid, заедно со растојанието на возење со електричната енергија и резервите за дополнителна моќ: во споредба со претходниот модел, капацитетот се зголеми од 10,8 на 14,1 kWh. Ова е зголемување од околу 30 проценти.

Акумулаторот што се лади со течност, складиран под подот за полнење во задниот дел на автомобилот, се состои од осум модули со 13 призматични литиум-јонски ќелии. Во рок од 7 до 8 часа, високонапонската батерија, преку 230V конекција со десет засилувачи, е целосно наполнета.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг