СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition: Историјата и сегашноста во естетска хармонија

 

Porsche го претстави 911 Targa 4S Heritage Design Edition, најнапредниот 911 со дизајнерски елементи од 1950-тите и раните 60-ти. Тој е првиот од четирите колекционерски креации од стратегијата, Heritage Design.

Porsche Exclusive Manufaktur ја презеде возбудливата задача да го произведе првиот примерок од серијата Heritage Design Edition, впечатливиот 911 Targa 4S. Имплементирањето на дизајнерски елементи од 50-тите, и раните 60-ти во современата Targa изведба на 911, звучи прилично возбудливо.

Од почетокот на наредната есен, колекционерите ќе можат да добијат еден од 992 предвидени примероци. Јасно, бројката е идентична со интерната кодна ознака на моделот. Имплеменираните дизајнерски елементи во внатрешноста, подоцна како Heritage Design package, ќе бидат понудени и во актуелните верзии на „елеферот“.

„Со моделите од серијата, „Heritage Design“ кај клиентите и фановите евоцираме спомени од 50-тите, 60-тите, 70-те и 80-те години. Ниту една марка не може да ги имплементира овие елементи во денешно време како Porsche, a токму на овој начин ги исполнуваме желбите на нашите клиенти.

Ние, исто така, воспоставуваме нова линија на производи која претставува посебна димензија на животниот стил кој е дел на нашата стратегија на производи на ексклузивни специјални изданија”, вели Оливер Блум, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG.

Првиот модел од серијата, Heritage Design се заснова на новата 992 генерација на 911 Targa претставена пред само неколку дена и е опремена со најнови технологии за шасија, системи за асистенција и инфозабава.

Се движи со помош на битурбо боксер мотор со 450 КС, кој во комбинација со осумстепен менувач со двојна спојка го забрзува 911 Targa (со „ланч контрол“) од 0-100 km/h за помалку од 3.6 секунди, а брзиномерот стигнува до максималните 304 km/h.

Моделите на Heritage Design ја истакнуваат димензијата на животниот стил кои претставуваат особено емотивни концепти во рамките на стратегијата на  Porsche производите.

Во овој случај, одделите Style Porsche Design и Porsche Exclusive Manufaktur ги реинтерпретираат иконите 911 и ентериерите од 50-тите до 80-тите години, со што се враќаат во период карактеристичен за тие времиња.

Пакетот Heritage Design за 2019, 911 Speedster обезбеди првичен преглед на оваа стратегија и Porsche со тек на време ќе произведе вкупно четири специјални модели во строго ограничени количини.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот